Сексот веќе одамна не е табу тема и луѓето многу пооотворено ги споделуваат своите искуства кога е истиот во прашање.
За да можете целосно да се препуштите на страстите и да уживате во него, треба да бидете свесни дека тоа е нешто кое го правите затоа што навистина го сакате, а не затоа што морате или на тој начин сметате дека ќе задржите некого до себе.
Глумењето, сексот без заштита или сексот кој ви причинува болка се нешта кои навистина не треба да бидат дел од вашиот живот и колку порано го сфатите тоа, толку ќе се чувствувате подобро.
Ова се работите за кои еден ден ќе помислите дека ќе беше многу подобро да ги знаевте многу порано:
1. Нема смисла да глумите.
2. Подолго време нема да ги разбирате потребите на вашето тело и тоа е сосема во ред.
3. Но, кога еднаш ќе откриете што сакате, ќе го барате тоа и ќе уживате во него.
4. Всушност, многу е подобро да го побарате тоа што го сакате отколку да глумите.
5. Постојат повеќе видови оргазам.
6. И со секој се чувствувате поинаку. И тоа е одлично, бидејќи така и треба да биде.
7. Тешко е да ги споите, но ако успеете чувството е извонредно.
8. Никогаш не треба да ви биде незгодно да му кажете некому што да прави или да му наредите да престане.
9. Но, тоа се однесува на двете страни, па затоа водете сметка и за потребите на партнерот.
10. Не морате да претпоставувате, ако партнерот не зборува и не бара ништо, веројатно е среќен со тоа што го добива.
ПРОДОЛЖУВА …