Конечно откриена најдобро чуваната тајна на КГБ | Видео

952

Во 60-тите години на минатиот век, СССР имаше повеќе од блиски односи со Египет и во еден момент во 1961 година, Египќаните го известиле советското раководство за чудното откритие, па затоа специјална група експерти веднаш полетлаа за Каиро.

Сè започнало кога двајца бедуини откриле непознат влез во една од пирамидите во Гиза. Ја тргнале камената плоча и влегле. Тука, освен камени саркофази, тие не виделе ништо, ниту на подот, ниту во вдлабнатините и нишите, но сепак го барале гробот со факели. Наскоро и на двајцата им се слошило, почувствувале некаков неразбирлив притисок, како да излегувал  од ѕидовите и избегале.

Следниот ден им било уште полошо. Роднините ги однеле во болница, каде два дена подоцна едниот починал. Другиот, плашејќи се од слична смрт, решил да се покае и ја раскажал приказната за гробницата, која, според него, била „Божји гроб“.

Информациите за „Божјиот гроб“ брзо стигнале до советската амбасада. Веднаш биле ангажирани воените аташеа на амбасадата на СССР и неколку археолози кои во тоа време биле во Египет за да проверат што се случува. Она што го нашле, е основа за тајниот специјален извештај на КГБ. Известено е дека во гробот се пронајдени остатоци од суштества чија старост може да ја надмине возраста на сите претходно пронајдени мумии.

Била формирана посебна група која вклучувала не само археолози, туку и високи офицери на КГБ, како и водечки експерти за хемиска борба и зрачење.

Писмениот извештај на КГБ објавил дека „15 кутии со експонати и мумифицирани тела од саркофагот“ биле отстранети од гробницата.

Описот на овие тела јасно ги дефинира како претставници на необична раса, различна од нашата.

Мумифицираните тела биле високи околу 2 метри, многу повисоки од Египќаните кои живееле пред неколку илјади години. Анализите на мумиите извршени во СССР покажале дека телата се стари околу 12-13 илјади години – се наведува во извештајот.

Доктор Виктор Иванович, поранешен советник за наука во Кремљ, кој имал пристап до досиејата за мисија на КГБ, наречен ИСИС проект, вели дека „снимките го откриваат најважното откритие во историјата на човештвото“.

Иванович објаснува дека „она што е најдено во гробницата, во саркофагот, беа остатоци од вонземјанин што починал во Египет околу 10.000 п.н.е.“

Документарецот за овој настан бил објавен во 2001 година и, меѓу другото, прикажува ексклузивна снимка што наводно никогаш не била видена надвор од строго доверливите кругови на КГБ. Видеото е објавено благодарение на руската мафија, која набави копија од тајните архиви на КГБ.

Присуството на ова суштество и дизајнот на пирамидите, како и читањето преку историски и научни докази, покажуваат дека оваа посета се случила околу 11.000 години п.н.е. Наводно е снимен на платото Гиза за време на акцијата со кодно име „Операција ИСИС“, по египетската божица Исис – изјави д-р Иванович.

Операцијата ИСИС била искористена за обезбедување документи и вонземска технологија што биле складирани во тајната гробница на платото Гиза, со надеж дека ќе ја искористат за воени цели, додаде тој.

Деталите не се објавени, но останал само списокот на пронајдени предмети: 15 кутии артефакти, 1 делумно мумифицирано тело, 1 камен саркофаг, 8 хиероглифски плочи.