Чомски | Оценувањето на децата е штетно и нема врска со образованието

464

Ноам Чомски, еден од највлијателните современи мислители во светот, лингвист и филозоф, оцени дека системот на вреднување е сосема вештачки.

Чомски смета дека наставниците треба да се рангираат според нивната способност да им помогнат на децата во реализирање на нивните потенцијали и во истражување на нивните креативни интереси и тие работи не се подложни на тестови, смета Чомски.

– Погледнете што се случува со образованието. Во последно време акцент се става на оценувањето на децата и наставникот, па учењето се сведува на подготовки за тестови. А тестирањето влијае како на судбината на ученикот, така и на наставникот. Тоа гарантирано ја уништува секоја смисла на образовниот процес. Наставникот не може да биде креативен и имагинативен, ниту да ги зема предвид различните потреби на ученикот. Учениците, од друга страна, не можат да ги следат нивните интереси, затоа што мораат да учат за наредната контролна задача. А од резултатите од тестовите зависи и иднината на ученикот и наставникот, рече Чомски.

Според него бирократите кои седат по канцелариите не е лоши луѓе, но работат внатре во системот чија идеологија и доктрина се многу штетни.

– За почеток не морате цело време да ги оценувате луѓето. Тие не мора постојано да бидат рангирани според некои вештачки стандарди. Рангирањето воглавно е бесмислено и само по себе штетно. Тоа нас не претвора во личности кои своите животи ги посветуваат на подобро рангирање, наместо да правиме работи кои се вредни и важни. Во основните училишта тоа е многу разорно, нешто што го увидов кога моите деца одеа во основно одделение. Уште во трето оделение се создава поделба на учениците на глупави и паметни. Замислете што значи тоа за децата. Тие тоа многу сериозно го разбираат, што е погубно за нив, а притоа нема никаква врска со образованието, вели Чомски.

– Образование – тоа е развивање на сопствени потенцијали и сопствена креативност, смета Чомски.

– Можеби нема да бидете блескави во училиштетото, но ќе бидете одличен уметник. Што има лошо во тоа: Тоа е само поинаков начин за да живеете исполнет живот, да се оплемените себе си и тие околу вас. Самата идеја за рангирање е штетна. Таа е дел од системот кој треба да го создаде т.н. „економски човек“. Тоа е некој кој рационално калкулира како да го подобриме сопствениот статус и нашето богатство, не обрнувајќи внимание на ништо друго. Кој тежнее кон многу материјални добра, затоа што тоа е она што може да се измери. Ако сте добри во тоа, тогаш сте рационална личност, која донесува одлуки врз основа на факти. Го зголемувате вашиот „човечки капитал“, кој можете да го продадете пазарот. За каков тоа човек зборувате? Дали тоа е човечкото битие, кое сакаме да го создадеме? Сите тие механизми – тестирање, проценување, мерење, вреднување – ги принудуваат луѓето да развиваат такви особини… А таквите идеи имаат свои последици, смета овој познат Американец.