Потребни
- 2 чаши сушен црн грав
- 2 чаши домати исечени на коцки
- 2 чаши сецкан кромид / црвен кромид
- 1 шолја сечкан целер
- 3 лажици ситно сечкан лук
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици мед или жолт шеќер
- 1 лажичка пиперка
- 1 лажичка ким (по избор)
- половина лажичка цимет
- свежи листови од мајчина душица
- сол и црн бибер
Подготовка
- Пред да го подготвите јадењето гравот натопете го во 8 чаши вода преку ноќ. Откако ќе се натопи гравот, процедете го и измијте го.
- Загрејте го тенџерето на средна температура, потоа додадете го маслото и пропржете ги кромидот, целерот и лукот околу 4 минути.
- Додадете ги доматите и варете уште две минути, потоа измиениот црн грав, мајчина душица, пиперот, кимот и циметот.
- Се прелева со вода и се додава медот, па се зголемува температурата и се остава да се крчка поклопено час и половина до два часа со повремено мешање.
- Додадете топла вода по потреба, додадете сол и бибер по личен вкус.
- Друг начин е да се готви во експрес тенџере, каде што гравот исто така претходно е натопен, но сите состојки се ставаат заедно во тенџерето и така се варат на силен оган околу 35 минути. На крајот од готвењето се додава само бибер.
//