Едноставен трик за полни усни

1066

Еден од најпопуларните трикови за полни усни е нивното исцртување со моливче, потоа нанесување кармин и негово потенцирање со сјај за усни.

Но, дали сте помислиле дека уште подобар ефект ќе добиете со сенка за очи? Овој трик за полни усни веќе го користат и Кајли Џенер, Ешли Грејем, Кејт Босворт и Рози Хантингтон-Вајтли, а доаѓа од нивната шминкерка Кејти Џејн Хаџс.

Таа со четкичка за нанесување хајлајтер на рабовите на усните нанесува мат кафеава сенка за очи, со која креира контура половина милиметар над природната линија на усните.

Потоа се применува стандардната постапка за шминкање на усните. Овој трик го применила и за шминката на Ешли Грејем за Мет галата во Њујорк.