Време е за варено вино

1689

Традицијата на вареното вино потекнува од Северна Европа, каде што почнало да се консумира уште од Средниот век. Од Шведска, преку барбарските племиња, овој напиток се проширил во Римското царство, а потоа и во нашите краеви.

Сезоната на пиење варено вино почнува од ноември, па се до средината на јануари. Се подготвува црвено, но и бело варено вино, а рецептот е доста едноставен.

Грозјето, а со тоа и самото вино, содржи многу витамини, минерали и други супстанции кои поволно делуваат и помагаат во борбата против некои видови на тумор, го подобрува расположението, поволно делува на кардиоваскуларниот систем итн.

Сепак, не треба да се претерува со внесување на количините, затоа што може да има спротивен ефект.

Докторите советуваат дека вареното вино треба да се консумира преку ден, затоа што мешавината од шеќер и јаглехидати во доцните часови се претвара во масно ткиво.

Рецепт за црно варено вино:

  • 1 литар црно вино
  • 200/­300 мл вода
  • 150г шеќер
  • 8 парчиња каранфилче
  • 1 стапче цимет

Во водата се раствора шеќерот, циметот и каранфилчето се ставаат во вода и се варат, се додека половина од водата не испари. Потоа се додава виното и се грее до вриење. Се служи во топли чаши.

Рецепт за бело варено вино

  • 1 литар бело вино
  • 200мл вода
  • 200мл сок од јаболка
  • 150г шеќер
  • 1 стапче цимет

Принципот на подготовка е сличен како и за вареното црно вино.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.