Виното измина долг пат и многу е напредно, од пијалоци резервирани за нашминкани кралеви и ресторани за кои ви треба вечерен фустан или сако до пијалаци кои се достапни речиси за секого.
Затоа има смисла малку да размислиме за ригидните правила од минатиот век и малку да ги прилагодиме на денешниот начин на живот.
Ова се 10те модерни правила кои можат да ви помогнат да станете вистински познавач и љубител на виното.
Слободно ставете црвено вино во фрижидер неколку минути
Правилото кое вели дека црвеното вино треба да се служи на собна температура е малку застарено. Вистина е дека вкусот на виното станува „пожив“ со зголемување на температурата, но собните температури денес можат да бидат многу високи, а на високи температури виното станува блуткаво и ги губи своите овошни ноти.
Белото вино не треба да се служи премногу ладно
Правилото дека белото вино се служи ладно не е погрешно, но само вината со послаб квалитет треба да се сервираат ледени за да биде помалку изразен (лошиот) вкус. Доколку пиете квалитетно бело вино, не држете го во фрижидер премногу, бидејќи така ќе ги изгуби сите нијанси на вкус.
Користете чаши за коњак
Ова не е секогаш правило, но навистина ви треба чаша доволно голема за виното малку да „дише“ (сепак долго време било во затворено шише). Ресторанот во кој се наоѓате можеби нема голема тркалезна чаша за вино, па слободно побарајте чаша за коњак – ќе биде доволно.
Не претпоставувајте дека ги знаете вкусовите на сите видови вино
Кај виното важи правило „колку повеќе знаете, толку помалку всушност знаете“. Вкусот на одреден вид вино ќе зависи од многу фактори, така што секој pinot noir (пино ноар) нема да има ист вкус. Можете да садите потполно исто грозје во Калифорнија и Јужна Африка, но вкусот ќе биде различен – поради различната почва, климата, методите на берба и подготовката на грозјето за производство.
Не ги потценувајте вината со метален затворач
Вината со „обични“ тапи се всушност многу добри. Се разбира, има помалку помпа и ритуал при отворањето на шишето, но капачињата со завртки се идеални за свежи вина. Повеќето вина во светот се всушност свежи вина, кои ќе се консумираат во рок од неколку години од производството и кои не е предвидено да продолжат да стареат во шише.
Комбинациите на храна и вино не мора да бидат конвенционални
Доброто вино и добрата храна секогаш одат заедно, па затоа правилата како „Стекот оди само со црвено вино“ или „Рибата оди добро само со бело вино“, всушност немаат многу смисла. Има фантастични црвени вина кои одлично се комбинираат со риба, како и бели вина кои одлично се комбинираат со црвено месо.
Првите неколку голтки нема да ви дадат целосна слика за виното што го пиете
Ако барате ново омилено вино, веројатно нема да го најдете на настани како дегустација на вино. Една голтка нема да ви ја каже целата приказна бидејќи виното полека се менува со текот на времето. Обидете се да испиете чаша вино, почекајте еден час и наточете уште една чаша – виното се сменило и развило уште подобар вкус.