Чај од боровинки за подобро здравје

404

Чајот од боровинка обично се купува како мешавина. Овој чај е природен извор на флавоноиди кои ги потикнуваат антиоксидантите во телото.

Исто така како и секој друг чај, чајот од боровница е одличен за рехидрација на телото, па затоа се препорачува да се пие и до 2 литра дневно.

Чајот од боровница е многу ефикасен во лечење на воспаленија на мочниот меур и целиот уринарен систем, а се препорачува и за луѓето кои често ги заморуваат очите со возење или со работа пред компјутер, бидејќи чајот од боровница ја чува очната мрежница.

Како и многу други чаеви и овој чај се препорачува за време на настинка и грип, добар е и при лекување на анемичност како и за подобрување на циркулацијата.