Еве како пред 40 години познатата поетеса се прости од Тито

1459

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година, а неговата смрт ги вознемири сите Југословени, но и целиот свет.

Погребот на Тито бил најголем во историјата на сите поранешни југословенски републики, а на него се сеќаваат жителите на сите земји кои беа дел од СФРЈ.

Закопот на Маршалот се одржа на 8 мај, еден ден по неговиот роденден на 7 мај, кога требаше да наполни 88 години.

Своевремено, поетесата Десанка Максимовиќ, која му била лојална и приврзана, се прости од Тито на следниов начин:

„Знаев дека е тешко болен, но веста дека веќе го нема ми е невозможна, неприфатлива, како да ми умре некој најблизок. Иако болен, тој како да ни ја чуваше земјата, ништо лошо не можеше да ѝ се случи додека тој е жив. Верувам дека сеќавањето на него ќе не чува од грешки и нема да скршнеме од патот кој тој ни го покажа. Дека секогаш ќе се преиспитаме пред секоја одлука важна за народот. Што тој би ни посоветувал? Како да постапиме?“