Едно поново истражување на Универзитетот во Мичиген откри дека контракциите и породилните болки се најтрауматичните искуства, низ кои може да помине телото, а самото пораѓање за женското тело е понапорно од повеќечасовно трчање.
Научниците анализирале снимки од магнетна резонанца на повреди кои настанале за време на породувањето и снимки од повреди во спортот, при што откриле дека последиците од породувањето се слични на повредите настаните за време на професионално тренирање на некој спорт.
– Кога професионалната спортистка би се повредила на теренот како жената на породувањето, лекарите веднаш би ја приклучиле на магнетна резонанца. А лекарите сега им зборуваат на мајките: „Поминаа шест недели од породувањето, ќе бидете добро, повеќе не морате да доаѓате“. Но не се сите жени добри по тие шест недели, ниту се способни да се вратат на работа и тоа е сосема нормално, изјави Џенис Милер, професорска на Универзитетот.
Според резултатите од истражувањето 25 отсто од родилките имале фрактури слични на стрес фрактурите на спортистките, 41 процент доживеале пукање на карличните мускули, а 15 отсто добиле повреди на карлицата, кои никогаш не им зараснале. Иако повеќето лекари велат дека закрепнувањето по вагиналното породување трае шест недели, кај некои жени може да потрае и до осум месеци и подолго.
– Не зборуваме дека сите жени по породувањето треба да одат на магнетна резонанца. Сепак доколку жената чувствува дека поспоро закрепнува, дека има необични симптоми, не се чувствува пријатно и не може повеќе да ги прави Кегеловите вежби, би требало да се обрати на специјалист, вели Милер.



















