Напуштената “тврдина на чумата” од ерата на цар Александар Први | Фото/Видео

182

Тврдината Цар Александар 1 се наоѓа на островот Котлин и била од стратешка важност за СССР.

Островот се наоѓа недалеку од Кронштат, од каде испловил првиот руски параброд, првиот кршач на мраз и првио руски морнар кој го препловил сиот свет.

Во овој град е тешко да се пристигне, но и да се замине. Таму се тестирале оружја, се правеле воени и медицински експерименти, а сето тоа било будно надгледувано од руската армија.

Се верува и дека се правеле и експерименти врз животни, но и дека тука е развиена една од важните вакцини кои го имаат спасено светот од чума.

Имало и крематориум за животните врз кои биле вршени медицинските експерименти. Целата работа била високоризична, а неколку од вработените се разболеле од болестите за кои развивале лекови.

Во лабораторијата биле развиени серуми против колера, тетанус, тифус, шарлах, стрептокока и стафилокока.

Островот бил во сопственост на руската армија сè до напуштањето во 1983 година, кога државата престанала да го одржува. Потоа повторно стекнал популарност, особено за забави, а се обезбедил и директен пат дотаму.

Од 2011 година постојат редовни тури со брод.