Еве што во иднина ќе се додава во пченичното брашно

209

Фолната киселина ќе биде додадена во интегралното пченично брашно во Велика Британија за да се спречат вродени маани, јавува BBC.

Додавањето фолна киселина во брашното би можело да спречи околу 200 случаи на дефекти на невралната туба, како што е spina bifida секоја година и да го подобри здравјето на бремените жени, вели владата, која на производителите им дава рок до крајот на 2026 година да направат прилагодување.

Идните мајки и жените кои се обидуваат да забременат треба да продолжат да земаат додатоци на фолна киселина – синтетичка верзија на фолати – како што моментално советуваат лекарите.

Фолната киселина е особено важна во раната бременост бидејќи помага во правилниот развој на мозокот, черепот и ‘рбетниот мозок на детето.

Експертите, од кои многумина со години повикуваат на овој потег, ја поздравија одлуката на владата.

Соопштението следи по здравствените подобрувања во други земји, како Австралија и Канада, каде што практиката е веќе во сила.

Некои, пак, велат дека промената не оди доволно далеку и дека треба да се вклучи повеќе намирници.

Neena Modi, професорка по неонатална медицина на Imperial College London, рече дека ова ќе им наштети на групите како што се жените кои се чувствителни на глутен, јадат ориз наместо леб и интегрални производи.

Ова придонесува за значајните здравствени нееднаквости што веќе постојат во ОК, рече таа.

Фолната киселина, позната и како витамин Б9, се наоѓа во секојдневната храна како грав и зелен зеленчук, што значи дека повеќето луѓе добиваат доволно од редовна, здрава исхрана.

Покрај тоа, National Health Service на ОК (NHS) препорачува жените кои се обидуваат да забременат да земаат додатоци на фолна киселина приближно три месеци пред бременоста и најмалку 12 недели по зачнувањето. Оваа препорака ќе остане во сила.

Се проценува дека половина од сите бремености во ОК се непланирани. Оттука, збогатувањето на брашното ќе помогне да се зголеми внесот на фолна киселина кај населението и, индиректно, подобро да се заштитат неродените бебиња.

Независното советодавно тело на Владата ги проучи сите докази и е задоволно од одлуката за збогатување на брашното и ја смета за правилен начин на дејствување за целото општество.

Малите мелничари (кои произведуваат помалку од 500 метрички тони брашно годишно) ќе бидат поштедени.

Брашното е веќе збогатено со калциум, ниацин, тиамин и железоза да се подобри јавното здравје.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.