Која слабост го спречува секој знак за да најде вистинска љубов?

2007

Никој од нас не е совршен и сите ние имаме свои маани, а понекогаш токму тие и нè спречуваат во остварување успешни љубовни врски.

Во продолжение прочитајте кои се вашите маани и слабости што ви стојат на патот до вистинската љубов.

Овен – експлозивен карактер

Кога ќе ги прашате другите знаци по што е познат Овенот, тие најверојатно би ви го кажале истото – краток фитил. Токму нивната неможност да седат мирно и без вознемирување да ги погледнат ситуациите од сите страни го претставува нивниот најголем проблем во љубовта.

Бик – тврдоглавост

Ќе биде така како што Бикот ќе ви каже и точка. Меѓутоа љубовта не е доминација, таа пред сè е компромис и заедништво. Смирете ја својата гордост и признајте каде сте згрешиле. Само така ќе го развиете разбирањето што е неопходно за љубовната врска.

Близнаци – неодлучност

Можеби би помислиле дека ова е проблемот што ги мачи Вагите, но кога е во прашање љубовта, неодлучноста најмногу го комплицира животот на Близнаците. Ако барате вистинска љубов, тогаш едноставно мора да одлучите што (не) сакате од вашиот партнер.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2