Brendon Grimshaw & Moyenne Island | Фото/Видео

99

Brendon Grimshaw купил еден мал ненаселен остров на Сејшелите за 8000 фунти, 1962 година кога имал помалку од четириесет години. Англичанецот ја напуштил својата тогашна работа како уредник на весник и започнал нов живот.

Заедно со Rene Antoine Lafortune, започнале да го опремуваат својот нов дом. Тие управувале со островот како природен резерват, наплаќајќи им на посетителите по 12 евра да се шетаат по брегот, да талкаат по островот, да ручаат во ресторанот “Jolly Roger” и да се релаксираат на плажа.

Додека Rene само периодично доаѓал на островот, Brendon живеел на него со децении, не одејќи никаде. Потполно сам.

За 40 години, Grimshaw и Lafortune засадиле околу 16.000 дрвја со свои раце и изградиле околу 4800 метри патеки.

Rene Antoine Lafortune починал во 2007 година, на 81-годишна возраст, и Brendon останал сам.

На островото се населиле околу 2.000 нови видови птици и повеќе од сто гигантски желки кои веќе се на работ на истребување во остатокот од светот, вклучително и Сејшелите.

Благодарение на напорите на Grimshaw, на некогаш напуштениот остров сега живее две третини од фауната на Сејшели.

За животот на Brendon Grimshaw, принцот на Саудиска Арабија му понудил 50 милиони долари за островот, но “Робинсон“ го одбил, велејќи:

„Не сакам островот да стане омилено место за одмор на богатите. Подобро да биде Национален парк во кој секој може да ужива“.

И тој успеал во тоа затоа што во 2008 година, островот навистина е прогласен за Национален парк.

Brendon Grimshaw починал на 10 јули 2012 година, а неговиот остров е ставен под заштита на државата.