Кравата Емили од Масачусетс

215

Во 1995. година, кравата по име Емили од Масачусетс, САД, вообичаено го започнала својот ден.

Го изела својот појадок, се напила малку вода и легнала да се одмори. Меѓутоа, нејзиниот мир бил нарушен од камионот кој заедно со останатите крави ја натоварил и ги одвел во кланица.

Кога стигнале до кланицата, работниците го сместиле добитокот во оградениот дел и заминале на ручек. Во тој момент, кравата Емили решила да ја промени својата судбина. Со нејзините 1.600 килограми, ја прескокнала 1,5-метарската ограда и потрчала кон слободата.

Изненадените работници од кланицата ги фрлиле своите сендвичи и се стрчале по неа, но без успех.

„Ова е една од најбрзите крави што сум ја видел досега“, изјавил еден од вработените на еден новинар.

Таа успеала 40 дена да се се крие и избегнала да биде фатена.

После тоа, таа нашла прибежиште на една фарма каде што живеела уште 8 години, поточно до 2003. година. Во чест на нејзината голема желба за живот, таа добила и своја статуа.