Ѓеврек погача

3235

Состојки

  • 600 гр брашно
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажички сол
  • 250 мл млеко и 3 лажици кисело млеко
  • 1 јајце
  • 60 гр стопен путер
  • Фил
  • 100 гр стопен путер
  • 1 јајце
  • 100 гр сирење

Подготовка

  • Квасецот, шеќерот и млекото оставете ги додека не скисни квасецот па додајте ги другите состојки. Измесете меко, нелепливо тесто и него оставете го се додека не се дуплира.
  • Од тестото исучете кора со дебелина од 3-4 см и од неа со поголема чаша или некој калап исечете кружни парчиња, како за крофни.
  • Тепсијата намачкајте ја со путер.
  • За филот, стопете го путерот и измешајте го со јајцето и сирењето.
  • По крајот од тепсијата почнете да ги редите парчињата тесто едно врз друго, а измеѓу ставајте му по 1 лажиче од филот.
  • Тестото кое ќе ви остане од првото сечење повторно премесете го и од него продолжете со ваѓање на парчиња.
  • Одозгора премачкајте го венецот од тесто со јајце и наросете го со семиња.
  • Оставете го половина час да скисни, а за тоа време загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Печете се додека не добие убава боја, после десетина минути можете да го покриете со фолија, да не ви изгори пред време, а се пече отприлика 40 минути.