Заедно со сите совети за подобар сексуален живот, се чини дека има и друг, доста пријатен метод, кој исто така може да биде од корист – пивото, според статија во AskMen.
Наместо да се одрази негативно врз сексуалниот живот на мажите, веста дека пивото е кориснo за претставувањето во кревет, може да ja промени играта.
На кој начин омилениот на многумина пијалак може да помогне во кревет?
Сексот трае подолго
Предвремената ејакулација често е предизвикана од анксиозност и стрес. Потрошувачката на пиво може да помогне да се опуштите и да намали дел од тензиите. Исто така, фитоестрогените во пивото можат да бидат од корист за одложување на ејакулацијата.
Темното пиво ја зголемува желбата
Во темното пиво има повеќе железо отколку во светот, а тоа ги зголемува црвените крвни клетки и ја подобрува циркулацијата. Ова води до полесно возбудување и почести ерекции.
Пивото е корисно за срцето
Според податоци на студии пиењето пиво дневно ги намалува шансите за срцев удар, мозочен удар или срцево заболување. Ако и тренирате редовно, тоа не само што ќе биде од корист за здравјето на срцето, но и ќе ја подобри издржливоста.