Јагодите се највкусното овошје богато со витамини и минерали.
На нашите трпези се јавуваат сезонски, а се приготвуваат во различни пити, сокови, смути, џемови и познатото слатко од јагоди на коие никој не може да му одолее.
Потребно
- 1 кг. шеќер
- 1 кг. јагоди
- 1 лимон
Подготовка
- Количината за слаткото сами ја одредувате, на 1 кг. јагоди оди 1 кг шеќер…
- Исчистете ги јагодите, измијте ги убаво и оставете ги најмалку 3 часа да одстојат во вода во која има лимонов сок или лимонтус…
Јас секогаш користам лимонов сок, еден лимон на 1 кг. јагоди, но може и повеќе, не смета… - Потоа исцедените јагоди редете ги во садот за варење, еден ред јагоди, па шеќер и се додека има, зависи од количината…
- Треба да се вари на силна температура со постојано протресување, но не повеќе од половина час…
- Се прави пена која треба да ја отстранувате, си знаете, со посебна лажица за тоа…
- Кога е готово, покријте го со влажна платнена салфетка да одстои цела ноќ…
- Наредниот ден, зовријте го 10 тина минути повторно и ставете го во подготвени врели стерилизирани теглички.
Јагодите ќе останат цели, а и не потемнуваат.



















