Белизе – Кој не бил да оди | Видео

1803

Познатиот авантурист Жак Кусто му помогна на Белизе да се претвори во вистинска туристичка атракција, кога во 1971 година ја претстави Големата Сина Дупка како едно од најубавите места за нуркање во светот.

Оваа сина дупка се наоѓа во средиштето на коралниот гребен на Белизе, неколку десетици километри од брегот.

Овој совршен круг со кристално сина вода настанал со уривање на морското дно во текот на леденото доба, кога на тоа место се наоѓал „сув“ пештерски систем преполн со сталактити и столбови.

Дупката се уривала барем четири пати во период од пред 10.000 и 150.000 години. Секој пат кога ќе се подигнело нивото на океанот, по една пештера била исполнета со вода, а дното станувало се подлабоко.

На крајот се урнал и покривот на големата кружна дворана и нивото се подигнало до сегашната висина. Сега системот се смета за вертикална пештера.

Големата сина дупка ја посетуваат бројни посетители од целиот свет, а нуркачите ја истражуваат не само поради убавината, туку и поради разновидноста на морските животни, кои ја населуваат.