Девет најстрашни експерименти на луѓе (18+) | Хитлеровиот “АНГЕЛ НА СМРТТА” правел ужаси работи, но имало и бетер

1032

Уште пострашно од ѕверски експерименти врз бебиња или ужасни институционални испитувања во име на науката е она што овие експерименти го откриваат за нашата природа.

За некои, истражувањето било само изговор за садизам, но имало и такви кои биле навистина убедени дека прават добро.

1. Разделување близнаци

Eddy Galland, David Kellman и Robert Shafron

Клиничките психолози предводени од Peter Neubauer во 1960-тите и 1970-тите спровеле таен експеримент во кој ги одвоиле близнаците и тројките едни од други и ги дале на посвојување како единци.

Експериментот, наводно делумно финансиран од Националниот институт за ментално здравје, излезе на виделина кога тројцата браќа случајно се нашле во 1980 година. Немале поим дека имале браќа.

David Kellman, еден од тројцата, бил бесен поради експериментот: „Ни украдоа 20 заеднички години“, изјави Kellman за Orlando Sentinel. Неговиот брат Edward Galland извршил самоубиство во 1995 година во неговиот дом.

Peter Neubauer

Детските психијатри кои ја водеа студијата – Peter

Viola Bernard

 Neubauer и Viola Bernard – не покажале каење, според извештаите на весниците, делумно затоа што биле убедени дека прават нешто добро за децата, ги раздвојуваат за да можат да ги развијат нивните индивидуални личности, рекла Bernard. Сепак, таа подоцна признала:

„Мислевме дека знаеме сè, си игравме Господ“.

Она што Neubauer го научил од неговиот таен „злобен“ експеримент може само да се претпостави, бидејќи резултатите од контроверзната студија се чуваат во архивата на Универзитетот Yale и не можат да се испечатат до 2066 година.

Продолжува на страна 2