Експертите откриле дека новите симптоми на омикрон се поврзани со ушите …
Експертите досега предупредуваа дека главните знаци на коронавирус се кашлица, губење на вкус и мирис и висока температура. Но, некои луѓе кои се инфицирани со омикрон сè уште имаат малку поинакви симптоми.
Симптоми кои не треба да ги игнорирате
Експертите откриле дека има знаци во вашите уши кои би можеле да значат дека сте собрале омикрон. Др. Константина Станковиќ, претседателка на Одделот за оториноларингологија – хирургија на глава и врат на Универзитетот Stanford, САД, изјави дека болката во увото станува вообичаен знак за инфекција, пишува The Sun.
Нејзиниот тим дозна дека луѓето заразени со Ковид може да имаат симптоми на внатрешното уво. За да ја тестира нивната теорија, тимот креирал модел на внатрешно уво и го изложил на ковид тест. Д-р Станковиќ рече дека инфекцијата може да биде присутна во ушите и дека најверојатно доаѓа од носот. Таа ја нагласи предноста од носењето маска, бидејќи ако носите маска, помала е веројатноста вирусот да помине низ вашиот нос.
„Доколку забележите губење на слухот или вртоглавица или тинитус, веднаш консултирајте се со лекар. Кај некои од нашите пациенти, видовме дека губењето на слухот е единствениот знак за инфекција со Ковид“, рече таа за 7News.
Податоците од Канцеларијата за национална статистика (ONS) наведуваат дека најчесто пријавени симптоми се кашлица, замор и главоболка. Тие се разликуваат од трите главни симптоми на коронавирусот поставени од NHS, кои не се променети откако ковидот пристигна во Европа. Важно е доколку мислите дека имате ковид, направете тест и следете ги упатствата за изолација.
Иако ковидот нема да биде лесна болест за секого, повеќето луѓе кои ја имале оваа варијанта велат дека е слична на обична настинка.
Постојат четири скриени типови на симптоми
Низа исклучително позитивни студии покажуваат дека омикронот од другите соеви е поблаг кај вакцинираните, а првиот официјален извештај во Обединетото Кралство открива дека ризикот од хоспитализација е за 50 до 70 проценти помал отколку кај Делта сојот.
Експертите предупредуваат дека постојат четири симптоми кои можеби нема да ги забележите: замор, болка, губење на апетит и гадење – од кои сите може да бидат знаци на Ковид.
Иако може да бидат симптоми на некоја друга болест, важно е да се тестирате. Главниот фармацевт на Boots, Marc Donovan, предложи серија едноставни чекори кои можат да помогнат во закрепнувањето од омикрон.
Тој објасни дека хидратацијата, здравата исхрана, зголемувањето на внесот на витамини и земање парацетамол се важни работи кои можат многу да помогнат во борбата против омикронот, пишува The Sun.



















