Астероидот откриен во 2016 година го проучуваат научниците со цел да откријат дали неговото потекло е поврзано со единствениот природен сателит на Земјата – Месечината.
Астероидот со име Kamoaleva е означен како објект со патека која е секогаш блиску до Земјата, но она што е интересно е што научниците откриле дека во некои аспекти астероидот е сличен на Месечината. Затоа, се поставува логично прашање – дали тој астероид некогаш бил дел од нашата Месечина?
Kamoaleva е откриен во 2016 година во Haleakala Observatory. Тоа е необичен објект, бидејќи неговата орбита се менува со текот на времето. Додека се менува, секогаш останува блиску до Земјата. Неговата површина го привлекува и вниманието на научниците, бидејќи ја рефлектира светлината на ист начин како и Месечината, благодарение на присуството на силикати. И додека сето ова е интригантна трага за неговото потекло, тоа не е единствената трага.
Kamo`oalewa, an odd asteroid that orbits in lock-step with the Earth, may be a chunk of the Moon that was broken off during a huge, ancient collision.
Just imagine watching that happen…https://t.co/D5pVwOKkuW pic.twitter.com/AuRarCNPgO— Corey S. Powell (@coreyspowell) November 12, 2021
Новата научна студија ја испитува орбитата на астероидот за да види дали можел да биде исфрлен од Месечината. Нејзин главен автор е Jose Daniel Castro-Cisneros од Department of Physics at the University of Arizona.
Зошто Kamoaleva е посебен астероид?
Понекогаш малите тела во Сончевиот систем не следат хелиоцентрични орбити. Наместо тоа, поради орбиталните резонанции, тие можат да ја делат орбитата на масивна планета. Таквите објекти се нарекуваат ко-орбитални објекти. Земјата има 21 коорбитален објект: два се таканаречени Тројанци, шест се во квази-сателитска состојба и 13 се во движење потковица. Но, Kamoaleva се разликува од другите земјини квази-сателити.
Останатите 20 се само привремено во нивните коорбитални состојби, обично помалку од неколку децении, додека Kamoaleva опстојува во својата коорбитална состојба. Тој астероид оди напред-назад помеѓу движењата во потковицата и квазисателитско движење, и тоа го прави со векови и ќе продолжи да го прави со векови. Сега научниците ги интересира зошто е тоа така и зошто овој астероид следи таква орбита.
Со оглед на орбита слична на Земјата и неговата физичка сличност со материјалите од површината на Месечината, ја истражуваме хипотезата дека би можел да се формира како ѓубре или фрагмент од удар на метеороид на површината на Месечината, пишуваат авторите на студијата.
Компјутерското моделирање како поглед во минатото
Бидејќи не можат да се вратат во времето или да ја набљудуваат Месечината низ нејзината долга историја, научниците користат компјутери за да симулираат настани со широк опсег на променливи вредности и да ги анализираат резултатите. Конкретно, во една нова студија, научниците ги моделирале честичките исфрлени од Месечината со удари на метеорити на нејзината површина.
Повеќето од честичките во нивната симулација ја напуштаат близината на Земјата и Месечината и се движат во орбитите околу Сонцето, што не е изненадувачки, бидејќи доминантната маса на Сонцето влијае на сè во Сончевиот систем. Само мал број од овие честички не влегуваат во хелиоцентрични орбити. Наместо тоа, тие заземаат орбити слични на орбитата Kamoaleva.
Cuando descubrieron la roca espacial Kamo'oalewa, jamás se imaginaron que podrían estar viendo un fragmento de nuestra Luna. Acá más detalles. pic.twitter.com/yyvBBbAiYA
— DT en Español (@DigitalTrendsEs) December 28, 2021
Додека овие исфрлени објекти бегаат од околината Земја-Месечина и се развиваат во хелиоцентрични орбити, откриваме дека мал дел од нив даваат резултати кои се компатибилни со динамичкото однесување на Kamoaleva, истакнуваат авторите на студијата.
Кој кратер на Месечината би можел да биде изворот на Kamoaleva?
Површината на Месечината е покриена со ударни кратери, а историскиот запис зачуван во овие кратери дава добар тест за хипотезата за удар на Месечината за астероидот Kamoaleva. Ударите на површината на Месечината рутински имаат брзини од 22 километри во секунда и можат да достигнат брзина до 55 километри во секунда. Други симулациски студии покажуваат дека ударите со тие брзини би можеле да исфрлат отпад што патува со 6 км/секунда, многу над прагот од 2,4 км/сек за бегство од орбитата на Месечината.
Студиите на лунарните кратери, исто така, покажуваат дека големите кратери од удар, поголеми од 33 километри во дијаметар, се појавуваат на секои 25 милиони години, а овие големи кратери се веројатни извори на ударни исфрлувања, кои патуваат доволно брзо за да избегаат од орбитата на Месечината. Авторите на студијата велат дека во иднина ќе треба да се занимаваат со прашањето кој кратер би можел да биде изворот на Kamoaleva.
Тоа го оставаме на посебна студија за да се испита дали лунарен кратер со вистинска големина, старост и географска локација би можел да биде конзистентен со хипотезата за лунарното исфрлање за потеклото на Kamoaleva, пишуваат авторите на студијата.
Кина планира мисија na Kamoaleva
Ако научниците можат да докажат дека Kamoaleva е дел од Месечината, тоа отвора некои интригантни можности, како што се мисии за нејзино истражување. Kamoaleva е мал астероид, можеби само 40 метри во дијаметар, но тоа не ја спречuva Кина да развие своја амбициозна мисија на астероидот. Мисијата се вика Tianwen-2, а леталото ќе биде придружувано од nano-orbiter и nano-lander.
Nano-lander ќе земе примерок од астероидот кој ќе биде вратен на Земјата за анализа. Tianwen-2 треба да биде лансиран во 2025 година, а ќе ја посети и кометата 311P/PANSTARS.
Доколку кинеската мисија биде успешна, можеби конечно ќе знаеме дали Kamoaleva навистина некогаш била дел од Месечината, пишува Science Alert.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















