Вашиот месец на раѓање открива од кои болести можете да страдате во текот на животот

131

Колку и да звучи суеверно, прилично голем број на различни студии пронашле врска помеѓу месецот во кое лицето е родено и неговото здравје, тежината по раѓањето, очекуваниот животен век, па дури и почетокот на пубертетот.

Лицата родени во летните месеци имаат најнизок ризик од заболувања од рак и срцеви болести, додека зимските бебиња имаат најголема склоност кон развијот на невролошки и психички нарушувања во подоцнежна возраст.

Јануари

Луѓето родени во првиот месец, во просек страдаат од висок крвен притисок, рак на белите дробови и срцеви заболувања. Исто така, кај нив двојно повеќе се јавува дијабетес тип 2 и дебелина во споредба со другите луѓе. Неколку студии покажале дека луѓето родени во јануари и декември имаат поголема склоност кон депресија и шизофренија. Во најтемниот зимски месец, недостатокот на витамин Д доведува до чувство на осаменост и безнадежност. И покрај сето тоа, овие луѓе имаат долг животен век.

Февруари

Многу луѓе родени во февруари страдаат од ослабен имунолошки систем. Тоа води кон развој на алергија на полен, како и други алергиски болести. Тие, исто така, често страдаат од рак на белите дробови и рак на простата, како и васкуларни калцификации. Од друга страна, луѓето родени во февруари ретко ги гризат инсектите.

Март

Луѓето родени во март често страдаат од ангина пекторис. Екстремите почести се меѓу жените, па премногу се дебели или анорексични. Слабата точка на луѓето родени овој месец е нивното срце. Тие често страдаат од вентрикуларна фибрилација, нарушувања на срцеви залистоци и срцева слабост. Ниту вентрикуларната фибрилација ниту ракот на простатата не се ретки. Како и луѓето родени во февруари, и луѓето родени во март страдаат од алергија на полен.

Април

Лицата родени во април имаат зголемен ризик од рак. Кај нив често се јавуваат белодробни и респираторни заболувања, како и срцеви заболувања. Исто така, страдаат од воспаление на грлото, но ретко и од бронхитис. Во зрелоста, тие обично имаат песимистички поглед на светот и развиваат депресија. Тие, исто така, се склони кон пиење алкохол.

Продолжува на страна 2