
Септември
Родените во септември често имаат проблеми со екцемот во детството. Меѓутоа, со текот на времето, овој проблем исчезнува. Покрај тоа, тие, исто така, имаат помалку шанси да заболат од дијабетес, срцеви заболувања или воспаление на крајниците. Сепак, често имаат проблем со стомакот, респираторното воспаление и алергиите на прашина.
Октомври
Ако сте родени во октомври, досега сигурно сте зајакнале. Октомвриските деца страдаат од сите видови на болести, вклучувајќи и фрактури на коските, остеопороза, проблеми со забите, а далеку над просекот страдаат и од астма, имаат проблеми со вените, но и со респираторните инфекции. Сепак, не е сè толку црно. Родените во октомври, имаат најдолг животен век и многу мали шанси за заболување од рак, срцеви заболувања и висок крвен притисок.
Ноември
Акутен бронхитис, вируси, невродерматитис, невролошки болести и дефицит на внимание се чести кај луѓето родени во ноември. Сепак, вообичаените болести на денешницата, како што се дебелината, дијабетесот и срцевите заболувања, ретко ги погодуваат. Покрај тоа, нивниот животен век е подолг од просекот, а покрај тоа, тие ретко имаат проблеми со плодноста и репродуктивните органи.
Декември
Родените во декември имаат зголемен ризик од различни видови повреди, како што се фрактури, подливи, модринки. Исто така, меѓу нив има многу чести болести, како што се шизофренија и манична депресија. Сепак, тие исто така имаат животен век над просекот и најчесто се поштедени од болести вообичаени за постари лица, како што се дијабетес и срцеви заболувања.


















