Шесто издание на саемот за уметност Ин Ситу во МКЦ | Исклучителна меѓународна програма и отворен повик за уметници во тек

1745

Меѓународниот саем на уметност Ин Ситу ќе се одржи по шести пат од 27 – 30 септември во Младинскиот културен центар – Скопје.

Дел од овогодишната програма Саемот ќе ја претстави во соработка со Младинскиот културен центар, на темата „Вкрстувања“, а публиката ќе има можност да проследи содржини од трите програмски категории на саемот: визуелни уметности, архитектура и дизајн.

Како куса најава за програмските содржини од оваа година, со задоволство ги издвојуваме:

  • предавање на поранешниот директор на Баухаус – Омар Акбар (Германија) во знак на одбележувањето на 100 годишнината на Баухаус
  • предавање за архитектурата на Скопје во МоМА на македонските членови на кураторското советодавно тело на истражувањето и изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ – Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк: Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков и Јован Ивановски
  • дискусија со архитектот Мароје Мрдуљаш (Хрватска) и проекција на епизоди од серијалот „Бетонски спијачи – недовршена модернизација“

Програмата ќе содржи и меѓународна панел дискусија со галеристи и стручна трибина со претставници од ликовниот сектор, презентација на работата на селектирани македонски модни брендови и изложбеното гостување на берлинската галерија Galerie Walden.

Жири комисијата на саемот оваа година ќе награди еден автор од ликовната поставка со изложбено учество на фестивалот за уметност „48 Stunden Neukölln“во 2020 година, настан на кој минатогодишните победници Ана Јовановска и Ертунч Сали наскоро ќе се претстават од 14 – 16 јуни во Берлин, Германија.

Ги охрабруваме сите заинтересирани уметници да аплицираат за учество на тековниот повик за учество на саемот кој трае до понеделник, 20 мај и да го претстават своето творештво на единствениот меѓународен саем за уметност во Македонија.

Оваа година, Ин Ситу е одново финансиски поддржан од Германската амбасада во Скопје со цел да се обезбеди квалитетна и континуирана размена на содржина и знаење при развој на културно уметничкиот сектор. Влезот на саемот е бесплатен, a саемот е од продажен карактер.

*Дополнителни информации и корисни линкови се вклучени во продолжение на ова соопштение.*

ТЕМА НА ШЕСТОТО ИЗДАНИЕ НА ИН СИТУ САЕМ НА УМЕТНОСТ

 Вкрстувања или Intersections

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ТЕМАТА

 Темата на шестото издание на саемот на уметност Ин Ситу е „вкрстувања“. Вкрстувањето е точка на среќавање. Приватниот културен сектор претставен од страна на Ин Ситу и јавниот културен сектор претставен од страна Младинскиот културен центар, е фокусот на оваа година.

По шест години синергија помеѓу организациите, тие одлучија дека треба да се потсетиме на достигнувањата.Како одраз на досегашните успеси, овогодишната соработката се издигнува над очигледните потешкотии во секторот преку обезбедување на меѓународна програма која ги поставува Саемот и Центарот на заедничко тло со тековните глобални теми.

Од 27 до 30 јуни 2019 година, саемот за уметност Ин Ситу и Младинскиот културен центар ќе ги отворат вратите кон поинаков вид на оптимизам, привремено ослободен од товарот на секојдневните грижи. Веруваме дека нашата заедничка работа оддава почит кон потребата од современо размислување за динамиката на нашето општество – коешто во нашите полемики за визуелната, структурната или применетата уметност не смее да биде изоставено.

Ве покануваме да најдете време за вкрстување на вашата љубопитност со нашата програма и да ни помогнете да докажеме дека влијанието на културата никогаш не треба да биде занемарено при мерењето на напредокот.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ:

Повеќе информации Омар Акбар

Повеќе информации за истражувањето и изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“

Повеќе информации за серијалот „Бетонски спијачи – недовршена модернизација “ и Мароје Мрдуљаш

Линк до официјалната веб страна на Ин Ситу: http://insitu.mk

Линк до отворениот повик за уметници: https://insitu.mk/mk/otvoren-povik/

Линк до Facebook профилот на Ин Ситу: https://www.facebook.com/insituartfairskopje/

Линк до официјалниот Facebook настан за шестото издание:

Линк до Instagram профилот на настанот: https://instagram.com/in_situ_art_fair/

Повеќе информации за фестивалот „48 Stunden Neukölln“: (https://48-stunden-neukoelln.de/)