Вака ќе изгледа светот за 250 милиони години | Видео

50

Нашата планета постојано се движи, а доказите за нејзината активност кои најмногу се чувствуваат се земјотресите и вулканите.

Имено, според една теорија, Земјата е поделена на големи тектонски плочи кои постојано се поместуваат. Полека и по милиони години тие се спојуваат, одвојуваат и го менуваат лицето на нашата планета.

Знаеме дека во дамнешно минато биле формирани суперконтиненти кои ги содржат сите или поголем дел од континентите, а најпознатиот бил Пангеа.

Но, слично сценарио нѐ чека и во иднина. Користејќи ги проекциите на професорот Крис Скот од Универзитетот Нортверстен, “Бизнис инсајдер” ја изработи проекцијата на нашата планета за 250 милиони години.

Скотс анализира како движењето на континентите и затоплувањето на планетата ќе влијаат на изгледот на Земјата во иднина и направил серија модели на промени на нашата планета кои ги објавил на својот Јутјуб канал.