Имунолошкиот систем не прислушува

1235

Знаете ли дека ако ги слушаме сигналите на имунолошкиот систем, ќе надмине брзо многу проблеми не само на духот, но и на своето тело.

Сигурно повремено водите разговори со својот ум – со изрази од типот: “Што лошо време, сигурно ќе настинам”, “Побудалувам од работа”, “Новиот колега многу ми лази по нервите” и слично.

Овие внатрешни монолози пак вешто се “прислушуваат”! Ова го тврди и светски ендокринолог д-р Дипак Чопра.

Секоја мисла, збор и внатрешна идеја влијае на нервниот систем преку специфични молекули – посредници. Утврдено е дека не само мозокот има специфични рецептори (интеракција “клуч-брава”) за овие невропептиди.

Тие се движат насекаде во крвотокот и влегува во сите наши органи, бидејќи во клетките на имунолошкиот систем има рецептори за овие невропептиди.

♦ Нездрави речникот = болни луѓе

Секоја внатрешна идеја и збор се регистрираат. Имунолошкиот систем следи, слуша и чувствува заедно со нас. Ја прифаќа буквално секоја наша секојдневна изјава од типот: “Тоа ме збуни”, “Тоа ме измори”, “Скапан сум”, “Не го земам повеќе”. Пораката пак, што преку невропептидите се пренесува на рецепторите на органите и на имунолошкиот систем, е клучна. Луѓето со нестабилно здравје имаат и “болен” речник во кој недостасуваат зборови како “здрав”, “енергичен”, “радост”, “среќа”.

♦ Мотивирачки монолози

Не користете навредливи шеги или забелешки по своја адреса, бидејќи имунолошкиот систем нема смисла за хумор! А резултатите можат да бидат непријатни. Неправилното фокусирање може да доведе до беспомошност. Енергетскиот биланс слабее, се појавуваат непријатни чувства, а тоа влијае за возврат на однесувањето и на околните.

♦ Обрнете внимание на 

Запрашајте се: “Како разговарам со себе?” “Со каков тон?”, “Кои зборови ги користам?”, “Кои внатрешни слики ја насликуваат мојата имагинација?”. Концентрирајте ја мисловната енергија врз она што го сакате, а не на она што не сакаме! И резултатот нема да бидат одложени. Ќе доживувате повеќе радост од себе и од опкружувањето . Ќе станете и самоуверени!