Американска организација пресмета колку спиење е потребено според возраста

198

Сонот како таков никогаш не е стига, но и кога е во повеќе не е добро. Американската организација National Sleep Foundation оваа недела издаде листа со препорачано време за спиење во сите старосни групи.

Научниците на фондацијата пресметале средните вредности на база на над 300 меѓународни студии и експерименти поврзани со спиењето.

Организацијата потсетува дека количината на сонот директно е поврзана со физичкото и менталното здравје. Ова го покажуваат и истражувањата кои се анализирани. Според претседателот на Фондацијата Чарлс Чејзлр, професор на колеџот по медицина на Харвард, за првпат професионална организација развила слични препораки за секоја од различните старосни категории.

Како што може да се очекува бебињата имаат потреба од најмногу спиење – помеѓу 14 и 17 часа на ден. Старото правило дека за луѓето во активна возраст се неопходни помеѓу 7 и 9 часа спиење се потврдува повторно. Статистиката на фондацијата сепак покажува дека само една третина од луѓето ги почитуваат препораките, а останатите редовно ненаспани.

Препорачливо количество сон според возраста:

0-3 месеци – 14-17 часа спиење дневно
4-11 месеци – 12-15 часа
1-2 години – 11-14 часа
3-5 години – 10-13 часа
6-13 години – 9-11 часа
14-17 години – 8-10 часа
18-25 години – 7-9 часа
26- 64 години – 7-9 часа
65+ години – 7-8 часа

Друго истражување покажува дека околу една третина од Американците спијат едвај по 6 часа или дури и помалку на ноќ. Ако ненаспаност атрае 14 последователни дена, луѓето почнуваат да пројавуваат однесување и когнитивни вештини како кај човек со 1 промили алкохол во крвта. Ако е дури уште подолго доаѓа до трајни здравствени ризици како дебелеење, дијабетес, срцеви проблеми и 12% повисока смртност. Премногу спиење, односно над препорачаните 7 до 9 часа води до истите здравствени проблеми и до 30% ризик од прерана смрт.

Добрата вест е дека дури и по цела недела ненаспаност, еден квалитетен сон може да поврати целосен капацитет на умствените способности и да ја поништи нанесените штети врз здравјето. Обновата по долги периоди на систематски ненаспаност сепак потребно многу повеќе време и бара регуларниот квалитетен сон во препорачаните граници.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.