Лошите навики во исхраната кои натрупуваат килограми

1646

Понекогаш старите вкоренети навики во исхраната го прават потешко симнувањето на килограми.

Доволно е да смените некои од нив, како на пример да се откажете од идејата дека при поголем стрес треба да земе повеќе храна и калории. Само така ќе го добиете саканиот ефект.

Немате време да каснете нормално

Тоа што не се храните заедно со други луѓе, е една од причините за создавање на лоши навики во исхраната. Истражување покажа дека децата со прекумерна тежина јадат половина од својата храна пред телевизорот. Од друга страна, оние кои седнуваат да вечераат со нивните родители, јадат повеќе зеленчук и овошје, земаат помалку калории и помалку страдаат од дебелина.

Како да го избегнете? Поставете точен час, во кој ќе се собере целото семејство. Може да биде на ручек или на вечера. Ако вашето семејство доцни поради работа или училиште, или ако имате премногу малку време за готвење на храна, не доживувајте го тоа како повод за стрес, туку користете полупроизводи, како замрзнато овошје и зеленчук, супи, зеленчук мешавина филе од риба и други …

Кога сте вознемирени сакате нешто од тесто

Торта, бел леб, франзели и други слични, содржат големо количество јаглехидрати, кои го стимулираат прозводството на серотонин – супстанцијата која одговара за чувството за хумор и доброто расположение. Јадењето храна од видот торта ќе ви помогне да се отстрани стекнатиот стрес и ќе ви даде привремено олеснување. Затоа понекогаш е многу тешко да се откажете од оваа навика.

Како да го избегнете? Од време на време може да се борите против стресот со храна, но е опасно, бидејќи внесувате повеќе калории. Оваа исклучително брзо се претвора во навика. Подгответе си здрава вечера наместо да каснете колач. Кога сте под стрес, наместо да јадете, излезете за 15 минути на одење. Движењето исто го стимулира производството на серотонин.

Продолжува на страна 2