Еве зошто не е добро да се фалите | Оваа приказна ќе ви го даде одговорот

642

Три жени се сретнале кај бунарот каде што дошле по вода. Се забореле за своите синови. “Треба да го чуете мојот син! Како само убаво пее, како слевеј!”

Другата жена се фали: “А само да го видите мојот син, колку е висок и силен! Кога ќе фрли камен високо, речиси ги допира облаците!”

Третата жена само молчи.

Другите две почнуваат да ја провоцираат: “А твојот син?”

“Не знам што да ви кажам. Мојот син е млад, обичен дечко, како и многу други.”

Жените заминаа дома носејќи тежок товар од водата на главите. Третата жена и понатаму молчела, чувствувајќи се засрамено од двете жени.

Сонцето сѐ повеќе печело, товарот станувал сѐ потежок. Одеднаш жените ги здогледале синовите пред влезот на селото.

“Слушајте како мојот син прекрасно пее!”, извика првата покажувајќи на својот син кој седел на ѕитчето и занесено пеел.

“Погледнете го мојот син”, рече другата со восхит, “колку високо фрла камен. Прекрасно!”.

Третиот син потрча кон мајка си и го зеде тешкиот товар од главата.