Тест ќе го открива вистинското време за ин витро

193

Илјадници парови со репродуктивни проблеми би можеле да ги остварат своите соништа да имаат дете, благодарение на нов тест кој ќе го утвдува ин витро третманот со индивидуален тест за плодноста на жената. 

Третманот со вештачко оплодување ќе биде во согласност со индивидуалниот циклус на плодноста на жената.

За прв пат, научниците сметаат дека се способни да ги идентификуваат точниот момент од циклусот на жената, кога ин витро оплодувањето има најголема шанса за успех.

Повторните кругови на лекување на неплодност можат да нанесат емоционални и финансиски кризи на двојките. Секоја година во Велика Британија се спроведуваат над 60 000 ин витро постапки, но само 24% завршуваат со успешна бременост и раѓање. Во САД во 2013 година се направени 175 000 ин витро постапки. Успешноста варира помеѓу 16 и 47% во зависност од возраста на жената.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.