Неговото величество ПОРТОКАЛОТ

213

Еден среден портокал (околу 130 гр без кора) содржи 62 калории, 1 г протеини, 12 гр шеќер и 3 гр влакна.

Оваа количина подмирува дури 116 отсто од дневната потреба на организмот за витамин Ц, како и 6 отсто од дневната потреба за витаминот А и 10 отсто за фолна киселина.

Од минералите, портокалите се богати со калиум, кој е важен за кардиоваскуларното здравје, а содржат и помали количини на калциум.

Портокалите содржат и флавоноиди кои делуваат кардипротективно, додека лимонската киселина која ја содржат може да помогне во превенцијата на камен во бубрезите.

Витаминот Ц во портокалите исто така ја подобрува апсорбцијата на железо од дигестивниот тракт и на тој начин помага во превенцијата од анемија.