Ова се најчудните закони во светот

1261

Погледнете ги најбизарните закони кои се донесени низ годините. Некои датираат и од пред 300 години, но бидејќи никогаш не се укинати, важат и денес. Еве некои од најчудните закони во светот.

Во Јужна Каролина се казнува да се тепа сопругата пред судот во недела.

Во 24 земји во САД машката импотенција е доволна причина за развод.

Во Пенсилванија сите хидранти мора да бидат проверени еден час пред пожарот.

Масачусетс казнува сексуален однос ако пред тоа не сте се избањале, додека друг закон забранува бањање во недела.

Во Саудиска Арабија во 1979 година им е забрането на жените да се бањаат во хотелските базени.

Во Лондон е забрането да се умре во зградата на Парламентот.

Во Италија секој кој се смета за дебел не смее да носи полиестер.

Во Арканзас жена која се мажи по вторпат не смее да носи бел фустан.

Во Мајами не смеете да имитирате животни.

Во Северна Каролина се казнува пцуење пред мртовец.

Во Вермонт жената мора да добие писмена дозвола од сопругот за да носи вештачки заби.

Во Лос Анџелес не смеете да бањате две бебиња во исто време во иста када.

Во Калифорнија не смеете да му забраните на детето да си игра во вирчиња.

Во Невада не смеете да бакнувате жена ако имате мустаќи.

Во Њу Џерси ќе платите казна од 300 долари ако полицаец ве праша: „Дали знаете зошто ве запрев?, а вие му одговорите: Ако вие не знаете, јас нема да ви кажам.

Во Либан секој маж кој е фатен во сексуален однос со машко животно ќе биде осуден на смрт, додека сексот со женка животно е сосема во ред.