Како и секоја друга активност, сексуалниот однос е предмет на мода и трендови. Нешто ново, поотворено, понапредно постојано се појавува … но во секој случај дизајнирано само за да го зголеми задоволството во сексот. Прочитајте, истражете, обидете се и уживајте.
1. CBD лубриканти
Секоја жена што поминала или сега поминува низ менопауза или неодамна родила знае колку лубрикантот може да биде неопходен за да биде сексот, не добар, туку воопшто пријатен. Тоа може да биде разликата помеѓу чудесен оргазам и неподнослива болка.
Се разбира, лубрикантите не се ништо ново, но она што е ново се CBD лубрикантите. CBD, или канибидиол, е не-психоактивна супстанција присутна во канабисот, која се повеќе се користи како состојка во лубрикантите. Студиите покажаа дека ваквите лубриканти можат да го зголемат протокот на крв во гениталиите, што ја зголемува возбудата и чувството на задоволство.
Вибратори за клиторисот
Жenените кои ретко или никогаш не успеваат да постигнат оргазам може да бидат воодушевени од овој нов тренд. Благодарение на неговата посебна форма и новите технологии, клиторисниот вибратор им овозможува на жените да постигнат невидени задоволства.
Имено, според некои истражувања, дури 70 проценти од жените имаат потреба од стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам воопшто, а понекогаш и добра стимулација на клиторисот е невозможна без искусна рака или добра секси играчка. Овој вид вибратори стимулира 75 проценти поголема површина на клиторисот отколку обичните вибратори, а жените можеа да си дозволат такво задоволство, па разговорите за секси играчки и клиторисот наскоро би можеле да престанат да бидат табу како порано.
Продолжува на страна 2