ПЕГИ | Причина, појава и третман

505

Многу пати сме ја опишувале штетата на сонцето врз нашата кожа и какви можат да бидат последиците од претерувањето со сончање.

Едни од кожните промени кои се добиваат по долгите денови на плажа, се пегите.

Малите дамки можат да бидат со различни димензии и се манифестираат како кај дами со многу светла кожа, така и кај оние со природно темен тен.

Најдобра заштита против појавата на пеги е редовното нанесување на крем за сончање во текот на летото и селекција на козметика со заштитен фактор за во зима.

Постојат некои факти сепак, за кои сме сигурни дека не ги знаете. Ви ги претставуваме малите тајни на пегите.

Причина

Пегите секогаш се појавуваат од сонцето.Можно е да забележите раски и како последица на иритирана кожа, при што производството на меланин е зајакнато. Некои од најчестите причини за предметната иритација се депилацијата, ексфолијација на лицето и мозолчиња.

За да се избегне ова, најдобро преминете на производи со фини честички, користете смирувачки креми и не ги чепкајте ситините мозолчиња.

Појави

Обично повеќето луѓе обрнуваат внимание на пегите дури тогаш, кога ќе се појават. Добро е сепак да се знае дека кај некои типови на кожа, пигментните флеки “демнат” под површината.

За да се заштитите од тоа, можете да почнете постапки за отстранување пред да се појават. За целта користете козметика со избелувачки состојки како витамин C, на пример.

Третман

Ако не сакате да преземете мерки пред појава, тогаш задолжително ќе треба тоа да го направите, откако веќе ќе ги здогледате кафеавите флеки. Колку порано го направите овој чекор, толку подобро.

Меланинот продира длабоко во кожата со времето што ги прави пегите тешки за отстранување и во пракса вечни. Најдобро е да започнете да користите ретинол ноќе во рок од шест месеци откако ќе видите пигментна дамка.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.