Грешите ако ја перете шарената облека на 30 или 40 степени | Еве на која температура треба

71

Многумина од нас шарената облека ја перат на пониска температура, сметајќи дека високата температура не е потребна бидејќи таа гардероба ја носиме само неколкупати, па сакаме да избегнеме упропастување на материјалот со често перење на висока температура.

Микробиолозите велат дека тоа е погрешно. Според нив, посебно е опасна температурата од 30 степени, бидејќи многу бактерии, вклучувајќи ја и Ешерихија коли, можат да преживеат на таа температура.

Температурата од 40 степени е граница што се однесува до убивање на бактериите, па микробиолозите велат дека ако сакате да бидете сосема сигурни, секогаш бирајте температура од најмалку 60 степени.

Секако и понатаму важи правилото долната облека, пешкирите, постелината и кујнските крпи да се перат на најмалку 90 степени.