Од неодамна кељот станува познат, вклучувајќи и во Македонија.
Зелено-листното растение е исклучително корисно, затоа е убаво тоа да присуствува во вашето мени.
Ако пак сте фанови на италијанската кујна и попрецизно пастата, ви нудиме рецепт за тестенини со пилешко и кељ.
Потребно
- 500 грама тестенини – зготвени според инструкциите
- 3 пилешки гради без кожа – сечени на парчиња
- Сол и бибер – по вкус
- 2 лажици масло
- 2 лажици маслиново масло
- 4 чешниња лук – пасиран
- ¾ чаша суво бело вино
- ¾ чаша пилешки бујон (повеќе по потреба)
- 1 врска кељ – на парчиња
- 2 чаши домати – исечени на половина
- Пармезан – по вкус
Подготовка 30 минути
- Загрејте го маслиновото масло во голема тава на висока температура. Додадете ги пилешките гради, кои однапред може да ги зачините со сол и црн пипер. Не мешајте една минута, за да може месото да потемни Во интервали вртете ги парчињата од сите страни.
- Кога ќе завршите со готвењето на месото, намалете ја температурата до средна. Ставете го лукот и мешајте енергично за да го избегнете горењето. По околу 30 секунди го истурете виното и пилешката супа. Може да додадете уште зачини по вкус. Гответе ја смесата додека не се намали на половина.
- Исклучете го шпоретот. Потоа додадете го кељот, доматите, пастата, пилешкото месо и пармезан.
- Измешајте ги добро сите состојки и сервирајте.