12 е идеален број партнери пред да го кажат судбоносното ДА

420

Многумина очајнички сакаат да го дознаат бројот со колку луѓе нивната сакана личност имала односи претходни, а многумина пак не сакаат да го откријат овој магичен број, затоа што се плашат дека нивниот партнер ќе мисли дека е премал или преголем.

Ново истражување откри дека и мажите и жените веруваат дека 12 е идеален број партнери пред да го кажат судбоносното да. Истражувањето го спроведе вебстраната за женети Illicit Encounters, а заклучија дека 12 е идеален број затоа што покажува дека личноста е „склона кон сексуални авантури и либерална“.

Според истражувањето, помалку од 10 партнери значи дека личноста е конзервативна и сексуално неискусна, а оние кои имале повеќе од 19 партнери премногу бараат и тешко им се удоволува, како и дека имаат преголема желба за менување партнери.

Истражувањето покажа и дека мажите повеќе се заинтересирани за бројот партнери пред нив кај нивната сакана личност. Жените пак едноставно сакаат да уживаат во моментот, а минатото да го остават на страна.