Тешки последици | Мускули како Херкулес, а срце на 80-годишен човек

600

Меѓу младите има се’ повеќе мажи кои, вежбајќи во теретана, одат до крајните граници на сопствените можности за да дојдат до израз во масата.

Нивен голем пример е Азиз Шавершјан од Сиднеј, кој се прославил преку ноќ откако ја прикажал сопствената трансформација од слабичок тинејџер до маж со набиен пакет мускули.

Шавершјан, попознат како Зиз, починал од инфаркт на само 22 години. Оваа болест речиси никогаш не ги погодува неговите врсници. Многумина веруваат дека неговата смрт е предизвикана од користењето на стероиди.

„Можеби ги имате најголемите мускули, но имате и слабо срце како на 80-годишен човек“ – предупредува кардиологот д-р Дејвид Кехун, истакнувајќи дека желбата за обликување на совршени мускули може да прерасне во опасна опсесија.
Можните последици се инфаркт, мозочен удар, висок холестерол и крвен притисок“ – додава тој.

Лекарите ширум светот бележат алармантен раст на бројот на момчиња кои патат од срцеви проблеми поради користењето на суплементи во обликувањето на телото.

Индустријата на витамини и додатоци во исхраната во Австралија бележи промет од 1,5 милијарди долари годишно, при што 100 милиони долари се трошат само на протеини.

Скот Грифит од Универзитетот во Сиднеј тврди дека во естремни случаи желбата за совршено обликувано тело прераснува во комплекс, познат како мускулна дисморфија.

„За разлика од анорексичните личности кои мислат дека се предебели, тие се гледаат во огледалото и мислат дека се слаби“ – објаснува Грифит.