Еве што се случува кога во вашиот организам нема доволно магнезиум

1692

Магнезиумот е еден од најважните минерали кои му се потребни на вашето тело за правилно да ги извршува сите физиолошки функции.

Тој ви дава енергија и го регулира нивото на шеќер во крвта. Магнезиумот исто така помага во одржување на балансот на другите минерали во телото, како што се калциумот, калиумот и цинк.

Вашето срце, бубрезите, белите дробови, на сите им е потребен магнезиумот за да функционираат правилно.

Некои здравствени состојби исто така влијаат врз нивоата на магнезиум, меѓу кои и гастроинтестиналните проблеми, целијакијата, Кроновата болест, дијабетес, проблеми со бубрезите и т.н.

Препорачани дневни дози:

  • Деца 1-3 години: 80 мг магнезиум
  • Деца 4-8 години: 130 мг магнезиум
  • Деца 9-13 години: 240 мг магнезиум
  • Тинејџери 14-18 години: машки 410 мг и девојчиња 360 мг магнезиум
  • Возрасни 19-30 години: мажи 400 мг и жени 310 мг магнезиум
  • Возрасни над 31 години: мажи 420 мг и жени 320 мг магнезиум