Научници развиле сперма во лабораторија

172

Научниците одгледаа сперматозоиди во лабораторија за прв пат во историјата на медицината што открива нова перспектива за лекување на неплодните мажи.

Француска компанија тврди дека успешно се претвориле парченца генетски материјал во целосно функционални сперматозоиди.

Ако пробивoт во медицината биде проверен, тој може да го промени животот на десетици илјади мажи во светот, кои не можат да произведуваат свои сперматозоиди.

Лабораторијата “Калистем”, приватен истражувачки центар со седиште Лион, изјави дека ќе бидат во можност да вршат клинички испитувања со луѓе во наредните две години.

Ако проектот биде комерцијализиран, фирмата се надева дека ќе лекува по 50 000 пациенти годишно, што на пазарот може да биде во вредност од 1,7 милијарди фунти.

Откритијата не се објавени ниту проверени, ао британските експерти гледаат скептично на тврдењата. Најмногу за тоа што истражувачкиот центар изјави дека успеал да трансформира основни машки фетусни клетки наречени сперматогони, во зрели сперматозоиди, складирани во епрувети.

Постапката може да им помогне на многу луѓе кои не можат да развиваат сперматозоиди сами и, исто така, за лекување на машки стерилитет.

“Нашиот тим е првиот во светот, кој ја разви технологијата потребна за добивање на целосно оформени сперматозоиди ин витро со доволно перформанси. Тоа е големо научно достигнување кое се насочува кон глобалниот пазар”.

Професор Алан Пејс, експерт за машката фертилност на Универзитетот во Шефилд, ги предупреди паровите да немаат лажни надежи.

“Ова е едно смело тврдење. Додека не видиме рецензирани научни публикации кои го докажуваат тоа, должни сме да останеме скептични по прашањето”, додаде тој.