Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца, намалени контакти,финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот. Денеска тие го промовираа спотот за и макфестовската победничка тема „ Сакам да живеам“.
– Режијата е на Јован Куциноски, со кој го рабоетвме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.
Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.

– Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум, кои се снимени во живо, само за потребите на документарецот. Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна – откри Перевски.

Новиот, четврти студиски албум на „Нокаут“, е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени. А дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следни проекти бендот. Дизајнот на логото го направи Андреј Марјановиќ.
САКАМ ДА ЖИВЕАМ
Музика: Никола Перевски и Филип Неделковски
Аранжман: Никола Перевски
Текст: Огнен Неделковски
Продукција: Дарко Димитров
Твојот поглед ми прави пат
Ти си клучот на овој град
Сонце и гром
Мое јаве и сон!
Кога мислев ќе бидам сам
И кога барав за сликите рам
Слета на праг, птицо во мрак.
Рефрен:
Сакам да живеам, за да те опеам.
Денов е рај, биди моја до крај.
Сакам да полетам, земји да прескокнам.
Сведок е Бог, колку сум твој.
Колку сум твој.
И кога мислев ќе бидам сам
И кога барав за сликите рам
Слета на праг, птицо во мрак.
Рефрен:
Сакам да живеам, за да те опеам.
Денов е рај, биди моја до крај.
Сакам да полетам, земји да прескокнам.
Сведок е Бог, колку сум твој.
Колку сум твој.
Бонус видео:



















