На прагот сме на пролетта, високите температури нема да не одминат, исто како лани, но ова важи и за летниот период.
Високите температури ја прават интимната забава не особено целосна. Да, убаво е емоциите да се жешки, но не и за време на топлите атмосферски бранови.
Но, можеби проблемот има решение. Ова се 5-те пози за жешки страсти во топло време, пишува Cosmopolitan.
1. Вентилација во стил “Титаник”
Ако живеете на висок кат и нема кого да вознемирите покажувајќи ги интимните делови низ прозорецот, можете да ги оладите страстите со малку романтика од типот Селин Дион. Посигурно е да ги изгасите светлата во 23 часит или на полноќ, оставајќи ја потсвеста да твори. Но, ако живеете во низок блок, подобро избегнете ја оваа поза. Сепак секогаш некој гледа …
2. Ледена кралица
Сите сме слушнале дека коцките мраз ги имаат својствата да ги полудуваат ерогените зони. Дали е тоа навистина точно може да се провери, со сад со мраз. Предизвикот е следен – откријте ги најчувствителните места на партнерот, избегнувајќи ги половите органи. Можете да експериментирате, погледнете како вашата љубов делува на саканите. Дури и да не ви се допадне, пак ќе извлечете бенефиции – ладни бенефиции.
3. Када за двајца со изненадување
Посетете ја најблиската продавница за козметика и побарајте низ штандовите соли за капење. Уживајте во романтична када со саканиот, а кога ќе дојде вистинското расположение … се претпоставува.
4. Сексот не е за претенциозни
Топло е, испотени сте … Но и тоа има свој шарм. Две испотени тела, страстен допир и еден до друг во љубовен танц. Уживајте во омилениот порок.
5. Игра на каберне и Шардоне
Оваа игра е за луѓе со силни срца и стабилен црн дроб. Во неа понежниот пол го доминира посилниот, се дразнат сетилата. За целите на интимната забава ви треба стол и прскалка наполнета со вино.
По краток танц треба да седнете во неговиот скут, да ја надразните максимално неговата потсвест. Нека се воздржи од допири. Не дозволувајте му да започнува пред да го пробавиното. Сокот од грозје нема да биде ставен во чаши. Тој треба да биде испиен од вашето тело. Нанесете го со прскалката и видете што ќе се случи.