Не ги правете никогаш овие работи во зима

1660

Се уште не си оди сезоната на топлиот билен чај, марамчиња или капките за нос. Изненадувачки е колку тие се штетни во обид да го заштитиме телото од болести.

За жал, малку се среќници кои успеваат да ја минат зимата без ниту една блага настинка.

Многу од нас пијат чај токму пред да излезат, или пак си носат практична торбичка со одредени лекови. Ова се дел од лошите навики, кои не само што нема да ви помогнат да се загрете, а и можат да го нарушат заштитниот ви механизам.

Употребата на капки за нос пред излегување

– Студеното време ги стеснува назалните дишни патишта. Употребата на капки за нос не само што нема да ви помогне, но ќе ја отежни работата на носната слузница. Затоа пред излез користете само марамчиња.

Дишењето преку уста, кога сте надвор

– Кога вдишуваш преку устата, воздухот нема како да се загрее и тоа може да доведе до воспаление на грлото.

Покривање на носот со шамија

– Во студеното време малите капки во вид на пареа кои ги издишувате, можат да се залепат на површината и да се смрзнат. Последователно вдишаниот воздух со “мраз” преку ткаенина ќе биде ладен, отколку ако не го покривате носот.

Употребата на хидратантен крем пред излегување

– 30-40 минути се потребни по нанесувањето, за да се впие подобро. Истовремено со тоа водата врз кожата почнува да испарува. Во студени временски услови тоа може да се покаже како исклучително штетно за кожата.