Постојат одредени факти за парите кои би требало секоја жена да ги знае.
Контролата над сопствените финансии ќе овозможи полесно реализирање на долгорочните цели, а тоа воедно е и првиот чекор кон нивната реализација. Дали станува збор за купување куќа, автомобил или покренување сопствен бизнис. Со парите треба да се постапува внимателно, а недостигот на пари може да ни го наруши животот.
Можеби веќе сте имале проблеми со парите во минатато или пак родителите не ве научиле добро на некои финансиски лекции. Без оглед на се, никогаш не е доцна да ги преземете работите во свои раце и сами да ја доведете во ред сопствената финансиска ситуација.
Во продолжение прочитајте ги работите кои секоја жена би треало да ги знае за парите.
-
Трошете помалку отколку што заработувате
Од сите работи кои жената би морала да ги знае за парите, ова е на врвот на пописот. Никогаш немојте да го потрошите целиот месечен износ кој го заработувате и секогаш обидете се да ставите пари на страна. Живееме во несигурни времиња и никогаш не се знае што животот може да ни донесе. Помалата потрошувачка од заработувачка е тајна која долгороно гледано води кон богатство.
-
Погрижете се за здравствено осигурување
Без здравствено осигурување можно е да дојде до огромни медицински трошоци ако во некој случај би ви требало лекување.
Продолжува на страна 2