Двојазичноста ги прави нашите умови подобри

1591

Без оглед на тоа колку добро ги зборувате странските јазици, никогаш повеќе нема да имате можност да усвоите нови јазици каква што имавте на денот на своето раѓање. Како по правило, најмладата личност во просторијата е, всушност, најдобриот лингвист

Мозокот на полиглотот е попаметен и побрз

Во светот постојат 6.800 јазици, а веднаш по раѓањето, еден од нив брзо почнувате да го усвојувате како својот мајчин јазик. Способноста за брзо учење на странските јазици почнуваме да ги губиме многу рано – синапсите задолжени за тоа почнуваат да пукаат веќе кога бебето достигнува девет месеци старост. Сепак, речиси за цело време на основното училиште, способноста за учење на вториот, третиот или дури и четвртиот јазик и понатаму е одлична.

Се чини дека двојазичноста, или дури и повеќејазичноста, е многу добра за мозокот. Новите истражувања покажале дека мозокот на полиглотите е попаметен и побрз односно побрзо решава недоречености и разновидни конфликти. Исто така, многу подобро се спротивставува на Алцхајмеровата болест и на други форми на деменција од мозокот на луѓето кои говорат само еден јазик.

Двојазична програма, дури во средните училишта

Затоа што, училиштата во САД воведуваат двојазични програми дури и за децата на предучилишната возраст. Промената најдобро се спроведува во Јута, каде што 20% од училиштата нудат двојазична програма. Учениците кои ќе се одлучат за овој вид на образование половина од наставата слушаат на англиски јазик, а втората половина на шпански, француски, кинески или португалски.

Во Хрватска, таков начин се применува само во ретки средни училишта. Во детските градинки постојат лингвистички групи, а основните училишта често на учениците нудат само еден странски јазик кој го слушаат два часа неделно.

Децата во билингвалните паралелки секаде во светот веројатно не размислуваат за природата на нивните мозоци, кога наутро одат на училиште, но се свесни за богати искуства што ги добиваат учејќи и живеејќи двојазично. За разлика од нив, научниците, невролозите и особено психолозите, внимателно следат што се случува.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk