Прашањата во врска со соодветните казни на детето секогаш се предмет на дискусии.
Кога и како да се “казнат”, или, уште подобро, да се избегне несакано однесување кај децата – е прашање кое ги интересира не само родителите, туку и голем број на научници.
Професорот на Универзитетот во Оклахома, Robert Larzelere, тврди дека методот на казнувањето може да има ефект само ако се користи на вистински начин. Истражувањето кое го спроведе со својот тим, опфати 102 мајки кои дадоа детален опис на пет ситуации во кои тие ги дисциплинирале своите деца заради еден од следниве однесувања: удирање, викање, пркос, негодување или непослушност.
Истражувањето, исто така, покажало дека компромисот е најдоброто решение за брзо поправање на несакано однесување кај повеќето деца, а трпеливата опомена, односно разговорот е следната најдобра опција за смирување на ситуацијата кај децата кои покажувале пркос и непослушност.
Казната е само навидум ефикасна
Казната како што е ставање во агол или одземање на омилена играчка, се покажала како ефикасна кај децата чие однесување било агресивно или пркосно, додека најмало влијание имало кај децата чие однесување било “кисело”. Обидот да се убедат немало никаков ефект врз децата кои било пркосни и агресивни.
По првичните наоди, студијата е извршена повторно два месеца подоцна, а покажала дека мајките кои премногу често казнувале или нуделе компромис на агресивните и дрски деца, по некое време тие го постигнале спротивниот ефект и децата на крајот почнале да се однесуваат дури и полошо. Опомената во нивниот случај се покажала како најдобро решение, но на долг рок гледано, иако на почетокот, така не се чинело и немало ефект.
Да се делува превентивно, а не во афект
Угледниот професор Ennio Cipani тврди дека во сегашно време, казните немаат смисла само поради тоа што не се користат правилно. Проучувајќи го казнувањето на децата во рамки на семејството, Cipani заклучил дека родителите не треба да носат одлуките за казнување во афект, наместо тоа, би требало однапред на децата да им објаснат кое однесување не е прифатливо и заради што сѐ би можеле да бидат казнети.
Преку обезбедување на втора шанса за вашето дете, со јасни водење и насочување за добро или саканото однесување, ќе имаат подобри резултати и попослушно дете.