Feng Shui за добар секс

2024

Фенг шуи не е древна вештина која се однесува само на уредување на простоет. Всушност, ако ги земе предвид сите нивни совети, ќе имате можност да уживате во добар и романтичен секс

Тоа е древна кинеска вештина на уредување на просторот во кој живеете и со цел да ја привлечете позитивната мисла. Фенг шуи има за цел да ви создаде живот во склоп на просторот во кој живеете и со таа цел да ја привлечете позитивната енергија Чи во нашите домови и животи за да обезбедите среќа за целото семејство и нивните наследници.

Добар секс

Уредете ја вашата спална соба по Фенг Шуи правила. Еве како можете да ја подобрите енергијата во вашата интимна просторија, а со тоа и односот со парнерот. Прочитајте што е потребно за добар секс.

– Фрлете ги сите спомени од претходната пропадната љубов – фотографии, ситници, гардероба. Ништо не смее да ве потсетува на неуспешната врска.

– Слаб проток на енергија не е добар во спалната соба. Средете го хаосот и фрлете ги непотребните работи од орманите. Така ќе ја разбудите изумрената страст.

– Фрлете ги сите предмети кои немаат никаква поврзаност со романтика, бидејќи тоа ви го скренуват вниманието од љубовта (сите предмети поврзани со работа-ЦД, ДВД,лаптоп).

Проверете ја вратата на спалната соба, дали крцка при отворање или се отвора половично? Во тој случај, тие го блокираат протокот на романтична енергија низ вашиот живот. Проверете ја кваката, подмачкајте ја ако е премногу лабава, тоа може да значи дека тешко управувате со својот љубовен живот.

Прошетајте од влезната врата до спалната соба. Би било идеално ако по тој пат не наидете на било какви препреки, бидејќи тоа значи дека имате слободен проток на животна енергија во спалната соба.

Ако се стремите кон еднаквост, поставете го креветот така што ќе имате доволно простор од двете страни. Ако едната страна од креветот е допрена до ѕидот, личноста која спие од таа страна може да се чувствува угнетена. Во идеален случај креветот се наоѓа наспроти вратат, но не во директна линија со него.

Внесете во собата сѐ што ве асоцира на романтика и поставете ги на ѕидот наспроти креветот, на ѕидот што го гледате додека лежите. Би било добро украсите да се во пар.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.