Дали знаете за што служи спиењето? Откриено е што работи мозокот тогаш

600

Експертите кои го проучуваат спиењето велат дека тоа е многу важно откритие, бидејќи постојат физиолошки и хемиски причини за сон, а не само психолошки

Кога спиеме, нашиот мозок се менува за да се исчисти од отрови и другите “мисловни” отпадоци кои се акумулирале во текот на денот. Еден тим на научници од Универзитетот Рочестер, вели дека токму тоа “големо чистење” e една од основните причини зошто спиеме. Во текот на истражувањето, тие откриле дека во сонот мозочните клетки се смалуваат, а просторот меѓу нив се зголемува, што овозможува во мозокот да доаѓа повеќе течност, која буквално го мие и чисти.

Научниците, исто така, откриле дека во будна состојба овој вид на чистење не е можен и дека мозокот има ограничена енергија и мора да избере помеѓу овие две функции – будна состојба и свесноста или спиењето и процесот на чистење.

– Оваа ситуација може да се спореди со организирање забави во својот дом. Ако сакате да бидете домаќин и да ги забавувате гостите, паралелно не ќе можете да ја исчистите куќата – рече водачот на тимот д-р Maiken Nedergaard.

Основа за нивното истражување беше откритието на глимфатичниот систем во мозокот минатата година кој може да се спореди со еден вид на водоводна и канализациона мрежа која ги носи отпадните материи од мозокот. Научниците откриле дека глимфатичниот систем кај глувците кои спијат станува десет пати поактивен. Одредени видови на клетки во мозокот, посебно глијалните клетки кои ги одржуваат невроните во живот, се собираат и така овозможуваат перење на мозокот.

Nedergaard вели дека ова е процес што нѐ држи во живот и кој не е можен во моментите кога нашиот ум е активен и зафатен со размислување. За процесот на чистење потребна е голема енергија, можеби дури и поголема од онаа за обработка на информации, што е главната причина зошто овие два процеси не можат да се случуваат паралелно. Следниот чекор е истражување на човечкиот мозок.

Експертите кои го проучуваат спиењето велат дека тоа е многу важно откритие, бидејќи тоа покажува дека постојат физиолошки и хемиски причини за сонот, а не само психолошки.

Откако ќе се спроведе темелно истражување на луѓето, тоа откритие сигурно практично ќе се применува во голема мера. Научниците истакнуваат дека истражувањето покажало дека спиењето има функција на регенерација на мозочните клетки, а дека недостатокот на сон веројатно како резултат има дегенеративни процеси како што се деменција и Алцхајмерова болест.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.