Австралиски научници го истражуваат пронајдениот череп на праисториска „џиновска гуска“

921

„Џиновската гуска“ тежела околу 230 килограми, пет пати повеќе од денешната голема казуа.

Истражувачите во Австралија откриле череп за кој велат дека припаѓа на „џиновска и харизматична птица од мегафауна“ на тој континент што исчезнала пред десетици илјади години, споредувајќи го со денешните гуски.

Научниците од Flinders University in Adelaide изјавиле дека фосилите биле пронајдени во 2019 година во коритото на езерото Callabonna во оддалечен регион кој се наоѓа на околу 600 километри северно од Adelaide.

Черепот им овозможува на научниците да покажат како изгледаат џиновските видови птици Genyornis Newtoni. Пронајден е со речиси целосно зачувани фосили од телото, што може да потврди дека припаѓа на тој вид, се вели во соопштението на Универзитетот објавено во вторник.

Научниците веруваат дека оваа птица, некогаш широко распространета во австралиската дивина, исчезнала пред приближно 45.000 години.

Првиот примерок од овој тип на череп е откриен во 1913 година, но научниците во тоа време не можеле да го реконструираат бидејќи бил тешко оштетен, напишале водечкиот научник Phoebe McInerney и нејзините колеги во статија објавена во понеделникот во списанието Historical Biology.

Новооткриениот череп им овозможува на истражувачите да заклучат дека тежи околу 230 килограми, пет пати повеќе од австралиската џиновска казуа, голема птица поврзана со ему и ној, која исто така не лета.

Според истражувачите, черепот на Genyornis Newtonia е „далеку од обичен“.

Има „висока и подвижна горна вилица како папагал, но формата е повеќе како онаа на гуска, потоа широк клун, силен залак и способност да ги дроби меките растенија и овошјето на непцето“, рече McInerney.

Иако е тешко да се следи еволутивното потекло на овој мегавид, новиот череп им овозможил на научниците да заклучат дека во суштина се работи за „џиновска гуска“, рече научникот.

Нејзиниот тим, исто така, откри дека џиновските птици имале „неколку необични адаптации за водни живеалишта“, како што се заштита на нивните уши и грла од водата што влегува при нуркање.